Турскиот олимпиец во стрелаштво Јусуф Дикеч денеска поднесе барање до турскиот Институт за интелектуална сопственост за заштита на комерцијалната употреба на позата што го направи познат на Игрите во Париз.
„Откако бевме информирани за бројни иницијативи за регистрација на трговска марка, кои беа спроведени без знаење на Јусуф Дикеч, го поднесовме барањето пред околу една недела“, изјави неговиот тренер Ердинк Билгили.
Дикеч на Олимписки игри во Париз го освои сребрениот медал во дисциплината 10 метри воздушен пиштол во мешани двојки, пукајќи со левата рака во џеб, без заштитни очила и слушалки.
Некои спортисти, како шведскиот скокач во далечина Арманд Дуплантис и фудбалерот на Челзи, Николас Џексон, ја копираа неговата поза за време на прославите.
Турскиот јавен информативен канал ТРТ Хабер објави дека многу производи со неговата поза, како што се маици и чаши се пуштени во продажба
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.