Македонскиот кикобксер, Бобан Илиоски, имал непријатна епизода откако по физичка пресметка со едно лице, била каменувана неговата куќа во општина Аеродром.

Според информациите од полицијата, Илиевски влегол во конфликт затоа што претходно бил нападнат член на неговото семејство.

На 02.09.2024 околу 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, Б.И. од Скопје и уште едно лице физички го нападнале Е.Л.(28) од Скопје. Според пријавеното, после тоа Е.Л. со поголема група на луѓе отишле пред домот на Б.И. и фрлале тврди предмети кон него и неговото семејство. Притоа, со повреди се здобиле В.И., Д.Н. и Е.Л., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во извештајот од полицијата.

Бобан Илиоски е светски шампион во кикбокс, во верзијата ВАКО ПРО, а титулата ја освои во април во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.