Невиден инцидент се случи на натпревар од Светското првенство во снукер што се одржува во Шефилд помеѓу Роберт Милкинс и Џо Пери.

Непознатиот маж, кој носел маица со натпис „стоп за нафтата“, се качи на масата и се посипал со портокалова прашина. Станува збор за еколошки активист кој со овој неочекуван упад сакаше да го разбуди вниманието на јавноста и дефинитивно успеа во тоа.

Инаку, организацијата „Само стоп за нафтата“ бара британската влада да ги прекине сите нови проекти поврзани со фосилните горива и да ги повика спортските институции да се приклучат на „граѓанскиот отпор против геноцидната политика на владата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.