Македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе денеска финишираше на второто место на трката во Чешка во рамки на Европскиот шампионат на ридски патеки.

Иџе со своето Ферари денеска беше втор зад победникот Лиридон Календри од Косово, кој имаше предност од 17,7 секунди.

Трет заврши Никола Вервер од Франција.

Се пофали на својот Фејсбук профил и напиша: „Ја сакам оваа игра“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.