Норвежанецот Халвер Егнер Гранеруд победи денеска и на втората од традиционалните новогодишмни четири скокалници, откако со лет од 142 метри беше најдобар во Гармиш Партенкирхен, па дојде на чекор да ја освои најпрестижната турнеја во ски-скокови.

Гранеруд триумфираше на првата од четирите скокалници, во Оберсдорф, а денеска леташе за само два метри пократко од рекордот во Гермиш со 142 метри, а првиот скок му беше од 140 метри и победи пред Анже Ланишек од Словенија, додека Полјакот Давид Кобацки, кој е лидер во генералниот пласман во Светскиот куп беше трет на денешните скокови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.