Најдобриот македонски спортист за минатата година, таеквондистот Дејан Георгиевски, остана без посакуваниот медал на Светското првенство (СП) во Мексико.

Тој успешно стартуваше, но во вториот настап неочекувано загуби од кинескиот натпреварувач Жаоксианг Сонг со 2-0 во рунди. Претходно, тој стартуваше со триумф над Колумбиецот Валтер Салдариага со 8-5 (2-0) во категоријата за потешки од 87 килограми, но тоа беше се што направи.

Георгиевски освои сребрен медал на ланскиот ЛОИ во Токио, но не успеа да повтори барем сличен успех на собирот на најдобрите во Гвадалахара.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.