Ватерполо репрезентацијата на Шпанија е последниот патник во полуфиналето на Светското првенство кое се одржува во јапонскиот град Фукуока, откако во четврт-финалето беше поуспешна од Франција со 7:6.

Противник на Шпанија во полуфиналето в четврток ќе биде Унгарија која обезбеди пласман меѓу четирите најдобри репрезентации со триумф над САД од 13:12.

Во второто полуфинале кое, исто така, е на програмата в четврток ќе играат Србија и Грција.

Србија претходно, на пенали ја совлада Италија, додека Грција беше поуспешна од Црна Гора.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.