Програмата на „Фондација Новак Ѓоковиќ“, „На патот на Шампионот“ со работен наслов „Чиста мотивација“ на 11. февруари од 17 часот доаѓа во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје.
Ќе говорат кардиохирург и алпинист Проф. д-р Сашко Кедев и олимписката репрезентативка во карате и основач на спортска школа за деца, Пулексенија Јовановска. Домаќин и модератор на панел дискусијата ќе биде авторката на програмата „На патот на шампионот“ и поранешната „Фед Куп“ репрезентативка на Србија во тенис, Ана Јовановиќ која ќе ја води размената на стручните искуства, знаења и информации на панелистите – придружено со конструктивни прашања и интеракција со присутните гости
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.