Со одигрувањето на завршните натпревари од групната фаза познати се сите учесници во осминафиналето на Европското првенство во одбојка на кое нокаут фазата ќе се игра во италијанските градови Бари и Рим, како и во Варна во Бугарија.

Македонските одбојкари со освоеното четврто место во групата Ц која се одигра во Скопје за противник во осминафиналето ќе го имаат европскиот и светски првак  Италија. Натпреварот ќе се игра во Бари в сабота, а дополнително ќе биде познато дали дуелот ќе почне од 18 или од 21 часот.

Нокат фазата ќе биде отворена со натпреварот меѓу Хрватска и Романија, а в сабота на програмата се и осминафиналните дуели меѓу Франција – Бугарија, Словенија – Турција, Холандија – Германија и Португалија – Украина.

В недела ќе играат Полска – Белгија и Србија – Чешка



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.