Дуња Иванова го освои третото место во дисциплината хронометар со време од 31 минута и 8 секунди на натпреварот во рамките на Гранфондото кое на 14ти и 15ти Април се одржа во Умаг, Хрватска. Како претставник на Велосипедскиот клуб Енерџи од Скопје, Иванова учествуваше и на трката од 119 км низ пределите на Истра, каде во својата група го освои третото место.
Овој настап е прв во низата кои следуваат како подготовка за Светското првенство во хронометар кое ќе се одржи на 10ти Август оваа година во Глазгов, Шкотска. Дуња Иванова е првиот женски претставник на Светско првенство во историјата на велосипедскиот спорт кој ќе ги брани боите на Македонија помеѓу светската елита.
Иванова е државен првак во хронометар, маунтинбајк, велокрос, со бројни меѓународни успеси како: бронзен медал на Филип Вагнер Ц1 во Србија, златен медал на Успон на Орјен во Црна Гора, сребрен медал на етапна трка на планината Тара во Србија, 8мо место на етапна трка 4Острови во Хрватска, 5то место на Балканијадата во Босна и Херцеговина, 7мо место на Балканијадата во Грција итн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.