Египќанката Нада Хафез (26), инаку доктор по Патологија, ја постигна првата победа во мечување на Олимписките игри во дисциплината сабја за жени, по што откри дека наскоро ќе стане мајка и дека е во седмиот месец од бременоста.
Она што ви изгледа како двајца спортисти на подиумот, всушност се тројца. Јас, мојот противник и моето бебе кое наскоро ќе се роди. Го пишувам овој пост за да изразам колку сум горда што го обезбедив своето место во осминафиналето. Оваа конкретна Олимпијада беше различна за мене. Трикратна олимпијка, но овој пат носам и мала олимпијка!, напиша Нада Хафез, која победата ја посвети на сите храбри и силни Египќанки.
Competing at seven months PREGNANT! 🤯
Egyptian fencer Nada Hafez made it to the last 16 in women’s individual sabre and then shared her special news on Instagram 🤰#Paris2023 #Olympics pic.twitter.com/5dVIJS5XgT
— Eurosport (@eurosport) July 30, 2024
Ова ѝ се трети Олимписки игри на кои настапува, но прва победа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.