Мајката на Новак, Дијана Ѓоковиќ призна дека непланирано забременила со нејзиното прво дете. Со оглед на тоа дека релативно кратко се забавувала со Срѓан Ѓоковиќ, таа јасно му ставила до знаење дека не очекува ништо од него.

Му реков на мојот сегашен сопруг, тогашен дечко, дека ќе го задржам детето и дека нема никакви обврски. Сакав да го родам тоа дете, а тој како и да одлучи. Не можев да се посветам на некој со кој сум во врска само неколку месеци, тоа ми беше малку премногу.

– Срѓан одвреме-навреме ме прашува: „Што ќе се случеше да не се омажев за тебе, дали ќе ми дозволеше да го видам Новак?“ Јас со насмевка му одговорив: „Кој вели дека ќе беше Новак? Кој знае, можеби ќе се викаше поинаку, но прашање е што ќе беше“-изјави Дијана.

Родителите на Новак Ѓоковиќ се запознале на Копаоник, кога Дијана дошла да полага тест за инструктор по скијање. Брзо се родила љубов меѓу нив, која беше крунисана со брак и раѓање на три сина: Новак, Марко и Ѓорѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.