Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски го освои второто место во дисциплината 3.000 метри со време од 07.59,61 на трката во Будимпешта, Унгарија.

Ивановски за само една секунда остана над неговиот национален рекорд, но ова е одличен успех за македонскиот атлетичар кој следниот викенд треба да настапи на Балканското првенство во сала во Истанбул, Турција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.