Холгер Руне 19-годишен тенисер во вчерашното финале на турнирот во Минхен го победи Холанѓанецот Ботик фан де Зандшулп со 6:4, 1:6, 7:6 (3), а заедно со паричната награда доби и автомобил бидејќи БМВ е спонзор на турнирот.

Пред една година Руне го освои својот прв АТП турнир во кариерата во Минхен. А потоа доби автомобил како награда.

foto Profimedia

– Два спортски автомобили, но сепак без возачка дозвола – изјави Руне.

– Сеуште немам земено возачка дозвола. На списокот ми е, но потребно е многу време – изјави Данецот

Тој изјавил дека автомобилот од минатата година станал „семеен“ автомобил и дека најмногу го вози неговиот татко.

– Мислам дека некој друг од моето семејство ќе го добие овој автомобил – рече седмиот тенисер во светот и додаде дека на крајот од оваа сезона конечно треба да го положи возачки испит и да добие дозвола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.