Американската пливачка, Кејти Ледеки, дојде до својот 20 златен медал на светските првенства, откако триумфираше на трката на 1.500 метри слободен стил во јапонскиот град Фукуока.
Седумкратната олимписка победничка, влезе во трката како апсолутен фаворит и ја исплива делницата од 1.500 метри за повеќе од 13 секунди побрзо од Италијанката, Симоне Квадареља.
Бронзениот медал го освои Ли Бингџи од Кина.
Навистина сум задоволна од денешниот исход. Едноставно многу се забавувам тука оваа недела“, изјави Ледеки по победата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.