Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ, кој подолго време е надвор од теренот поради повреда, објави на својот Твитер профил дека го оперирал коленото.

Чилиќ, 18. на АТП листата, поради повреда на коленото на почетокот на овој месец се повлече од Австралија опен.

„Откако се консултирав со повеќе специјалисти, донесов тешка одлука да го оперирам коленото, бидејќи мислам дека тоа е најдобрата опција за долгорочно решение на проблемот со повредата“, изјави Чилиќ, додавајќи оти операцијата минала успешно.

„За среќа, процедурата мина онака како што се надевавме“, објави Чилиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.