Олимписките игри полека влегуваат во втората натпреварувачка недела, што значи дека атлетиката е актуелна. Џошуа Чептеги, атлетичар од Уганда го освои златниот медал на трката на 10.000 метри на Олимписките игри во Париз.
Светскиот рекордер до златното одличје стигна со време од 26:43,14 минути и со тоа постави нов олимписки рекорд.
Сребрениот медал го освои Етиопјанецот Бериху Арегави со време од 26:43.44 минути, а сребрениот му припадна на Американецот Грент Фишер (26:43.46).
Арегави дојде до среброто благодарение на одличната завршница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.