Македонската кик-боксерка, Марија Димовска освои златен медал на Светското првенство за кадети и јуниори во Будимпешта, Унгарија.

Во големото финале нашата натпреварувачка со резултат 2:1 во лоу кик (млади јуниорки, – 60 кг.) триумфираше против Мија Лијамичев од Израел.

Претходно во полуфиналето Димовска славеше и против Јелена Стојановиќ од Босна и Херцеговина со 3:0.

На ова Светско првенство учествуваат 2256 спортисти со над 3092 натпреварувачки влезови од 68 држави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.