Германската тениска легенда и шесткратен Грен слем победник Борис Бекер даде интервју за германскиот ТВ канал „Sat 1“ за 435 илјади фунти, објави „Дејли мејл“.

Како што забележува изданието, поранешниот прв рекет на светот ќе го опише својот ужас од тоа што бил затворен во заедничка ќелија со убијци и силувачи.

 

Едночасвното интервју ќе се емитува утре на германски и англиски јазик. Целта е да се дистрибуира во странство, затоа што има голем интерес за него.

По интервјуто на Бекер ќе следи телевизиска дебата во живо на ТВ Сат 1.

 

На 15 декември се дозна дека Бекер ќе биде ослободен од затвор пред предвиденото. Во април 2022 година, лондонскиот суд го осуди на две и пол години затвор за измама во случај на банкрот.

Тој ја издржуваше казната во затворот Вандсворт во Лондон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.