Елена Рибакина од Казахстан и Викторија Азаренка од Белорусија ја сочинуваат првата полуфинална двојка на женскиот дел од Грен слемот Австралија опен.
Ова е епилогот по денешните четвртфинални мечеви во кои Рибакина ја совлада Јелена Остапенко со 6:2 и 6:4, додека Азаренка беше поуспешна од американската тенисерка Џесика Пегула со 6:4 и 6:1.
Другите две полуфиналистки на турнирот во Мелбурн ќе се знаат утре по натпреварите:
Каролина Плишкова (Чешка) – Магда Линет (Полска)
Арина Сабаленка (Белорусија) – Дона Векиќ (Хрватска)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.