Американската репрезентативка во уметничко пливање Анита Алварез беше спасена од дното на базенот од својот тренер за време на Светското првенство во водени спортови во Будимпешта. Дваесет и петгодишната Алварез престана да дише и потона во базенот откако го заврши својот настап во финалето.
Нејзиниот тренер Андреа Фуентес ја извади Алварез на површината, по што таа беше ставена на носилки. Американскиот тим соопшти дека Алварез сега е добро.
Алварез се онесвести и по својата изведба на олимписките квалификации во Барселона минатата година, кога исто така ѝ беше дадена помош на самото место.
Анита е во ред. Лекарите ѝ ги проверија сите витални функции и сè е нормално – изјави Фуентес.
Шпанскиот весник „Марка“ објави дека Фуентес скокнала во базенот зашто спасувачите не реагирале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.