Трка каква што ù доликува на една метропола се случи завчера во Скопје, за време на 4. Stopanska Triogy Triathlon што се одржа во СЦ „Борис Трајковски“ и во околината. Најдобро од триатлнската заедница од регионот му даде посебен шмек на настанот, правејќи трката да биде врвна, поставувајќи нови стандарди. Наградите во главните категории ги врачија Жарко Кржаловски, директор на Стопанска лизинг и Дарко Костовски, директор на продажба.

Апсолутни победници на трката се Александар Божилов од триатлонскиот клуб „Космос“ од Софија, Бугарија и Ива Павловиќ од Клубот на екстремни спортови „Крагуевац“ од Србија. Второ место во машка конкуренција освои Филип Виленца од клубот „Максимир“ од Загреб, а трето – Борис Андреев од „Тритим“ од Софија. Кај жените, втора заврши Лана Гавриловиќ од ТК Сава Крагуевац, а трета – Анастасија Пејчева од Tri Team од Софија, Бугарија.

Ви ги споделуваме наградените во поважните категории:

Сениори
Мажи

1.Борис Андреев, Тритеам Софија, Бугарија
2.Албион Имери, Косово Триатлон Федерација, Косово
3.Матко Сариќ, ТК Максимир, Загреб, Хрватска

Жени
1.Лана Гавриловиќ, ТК Сава Сремска Митровица, Србија
2.Анастасија Пејчева, Tri Team, Софија
3.Магдалена Станковска, Триоги рејсинг Скопје

Јуниори

Мажи
1.Александар Божилов, Космос, Софија, Бугарија
2.Филип Виленица ТК Максимир Загреб
3.Андро Шертиќ, ТК Максимир Загреб

Жени
1.Ива Павловиќ, Клуб на екстремни спортови, Крагуевац, Србија
2.Роза Шпорчиќ, ТК Максимир, Хрватска
3.Мила Тркулја, ТК Максимир, Хрватска

Кадети

Мажи
1.Матеј Магдиќ, ТК Максимир Загреб
2.Валентин Илиев, Три плеј, Бугарија
3.Кристијан Колев, ТК Палашев Пазарџик

Жени
1.Маша Марковиќ, Клуб на екстремни спортови, Крагујевац, Србија
2.Дуња Тодиќ, ТК Сава Сремска Митровица, Србија
3.Бистра Груевска, ТК Триоги Рејсинг, Скопје, Македонија

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.