Жална вест од Србија ја потресе фудбалската и спортската јавност во Македонија вечерва. На 38-годишна возраст почина поранешниот голман на Македонија ЃП, Вардар, Силекс, Скопје, Охрид и Еуромилк.

Тој ја извршуваше функцијата тренер на голманот на аматерската репрезентација на Србија, а исто така беше и дел од стручниот штаб на Раднички Ратково.

Последниот ангажман го имаше пред два дена кога на квлаификацискиот турнир во Стара Пазова, со аматерската селекција на Србија обезбеди палсман меѓу осумте најдобри селекции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.