Дејан Мијатовиќ, тренерот на Борац Чачaк беше емотивен по натпреварот и елиминацијата на МЗТ од АБА лигата.

– Ќе бидам искрен, ова се најтешките моменти во мојот живот и кариера. Живеам се заедно со тимот. Ова е пред се затоа што сум од Чачак, а играв во Борац и претходно бев тренер. Сите знаат дека Чачак е град на кошарката, а да се игра овој спорт е голема одговорност и обврска . Дојдовме во Подгорица да ги оставиме нашите срца на паркетот. Имавме голема обврска и одговорност, поради што посебно им честитам на момците. Последните 40 минути се наши и никој не може да ни ги одземе. Одигравме гордо и достоинствено сите 40 минути, затоа што така заслужува клуб кој постои 78 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.