Раководството на Лос Анџелес Лејкерс одлучи да го префрли бекот Брони Џејмс во тимот Саут Беј, кој настапува во Џи лигата, пренесе „МСН“.
Синот на Леброн Џејмс ќе дебитира за својот нов клуб в сабота против Солт Лејк Сити. Лејкерси се надеваат дека 20-годишниот кошаркар ќе стекне натпреварувачко искуство и ќе ги подобри своите вештини.
Брони беше 55-ти севкупен пик на драфтот во НБА во 2024 година и го имаше своето деби во НБА на 23 октомври во победата со 110-103 над Минесота, играјќи заедно со својот татко.
На овој натпревар на паркетот мина речиси 3 минути и запиша еден скок. Играше и против Кливленд (110:134) и постигна 2 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.