Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ во својот состав ќе има двајца нови странци со кои ќе го надополни отсуството на повредениот Донован Доналдсон. Дресот на тимот од населбата Тафталиџе ќе го носат Џермејн Бишоп и Дупри МекБрејер.
Бишоп и минатата сезона беше дел од ТФТ, а Дупри МекБрејер доаѓа од германскиот второлигаш Нирнберг каде лани имаше просек од 13.0 поени, 2.9 асистенции и 2.6 скока на 32 одиграни натпревари.
ТФТ се подготвува за настапот во АБА 2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.