Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ Скопје триумфираше вечерва над Балкан на гостински терен во Ботевград во подготвителен натпревар пред стартот на новата сезона во домашното првенство со 80:72 (22:21, 12:24, 16:18, 22:17).
Кошаркарите на ТФТ на полувремето заминаа со двоцифрено водство (45:34), а предноста ја зачуваа до крајот на дуелот во Арена Ботевград.
Петмина кошаркари во редовите на ТФТ постигнаа десет или повеќе поени, а најефикасен беше Џелин Гафни со 22 кошеви.
Новата сезона во македонската машка кошаркарска лига започнува на 5 октомври, а ТФТ Скопје во воведното коло ќе го пречека Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.