Српскиот кошаркарски клуб Партизан за претстојната сезона продаде вкупно 16.124 сезонски билети и од тоа инкасираше рекордни 5.8 милиони евра, соопшти денеска клупското раководство.

Сезонските билети се распродадени за помалку од три недели откако белградскиот клуб почна со продажна на 6 септември.

Ја затворивме продажбата на сезонските билети – продадени се 16.124 влезници. Не знам дали некој друг ќе може да го достигне овој рекорд. Благодарност до навивачите за нивната поддршка, изјави претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ.

Партизан ја отвора новата кошаркарска сезона на домашен терен против Морнар в понеделник во АБА лигата во која ја брани титулата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.