САД го држеше првото место цели 12 години, односно од 2010 година кога беше претставено рангирањето.
Првото место сега го зазема Шпанија, која го освои Светското првенство во 2019 година и Евробаскетот во 2022 година и стигна до четвртфиналето на Олимписките игри во Токио.
Рангирање на ФИБА:
1. Шпанија – 758,6
2. САД – 757,5
3. Австралија – 740,3
4. Аргентина – 734,3
5. Франција – 715,0
6. Србија – 710,9
7. Словенија – 704,3
8. Литванија – 669,5
9. Грција – 665,9
10. Италија – 646,6
САД освоија злато на Олимпијадата, но беа елиминирани во четвртфиналето на СП 2019, кога загубија од Србија. Тимот на Серхио Скариола води во поредокот на ФИБА со 758,6 бодови, пред САД, кои имаат 757,5 бодови. Во првите десет нема други промени.
„Ова не е прва титула и веројатно нема да трае предолго, но е нешто уникатно, престижно и историско. Секако, исклучително сум горд на сите што придонесоа за тоа“, најави шпанскиот селектор Скариоло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.