Македонските интернационални судии Александар Милојевиќ и Иван Мијалковски придонесоа во едуцирањето на своите млади колеги со издавањето на првиот национален Прирачник за кошаркарско судење.

Во него се објавени најразлични материјали поврзани со кошаркарското судење, кошаркарските правила и механиката на судењето, како и текстови од нивни колеги и еминентни стручни лица од државата и пошироко, докажани во својата област.

Во услови на глобална пандемија на Ковид-19, кога беа запрени сите организирани спортски натпреварувања, вклучувајќи ги и тие во кошарката, кога бевме дома и изолирани од сите кошаркарски збиднувања, се обидовме и создадовме прв прирачник за кошаркарско судење од осамостојувањето на нашата држава. Доколку со текстовите во овој прирачник се разјаснат некои работи кои не ни биле доволно јасни поврзани со кошаркарското судење, нашата цел е постигната – велат авторите на делото.

Милојевиќ минатата година ја заврши судиската кариера и во моментов ја извршува функцијата Комесар за натпреварување при КФСМ, додека пред 38-годишниот Мијалковски се уште долги години судење на кошаркарските натпревари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.