Скопје го живее духот на кошаркарска Европа. По успешниот старт на турнирот, следуваат полуфиналните борби за пласман во кошаркарската лига на шампионите.
Првиот натпревар на денешната програма е закажан за 18:00 часот. Во него се соочуваат фаворизираниот Тофаш од Бурса, Турција и квалификантот од првиот натпреварувачки ден, романскиот Волунтари. Волунтари одигра солиден натпревар во средата совладувајќи го англиски Лестер Рајдерс, но денешниот предизвик за нив е можеби меч на сезоната. Од друга страна пак, доаѓајки од силната турска лига, Тофаш е секако главен фаворит на овој турнир и реалноста вели дека денешниот натпревар треба да биде само загревање за финалниот дуел кој ги очекува во недела. Дали со оваа реалност се согласуваат момците од Волунтари, ќе видиме по денешниот двомеч во спортскиот центар Борис Трајковски.
Победата над домашниот ТФТ го доведе германскиот Кемниц на мегдан со Фрибург. Одличните швајцарци пристигнаа во Скопје по привилегијата да го прескокнат првиот меч од турнирот, но вечерва ги очекува несомнено квалитетен противник.
Меч без фаворит, меч во кој се очекува врвна кошаркарска претстава од обете екипи и секако неизвесна завршница.
Натпреварот е закажан за 21:00 часот, во спортскиот центар Борис Трајковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.