На 71-годишна возраст почина поранешниот МВП во НБА лигата и член на Куќата на славните, легендарниот центар Бил Волтон.

Тој ја загуби битката со ракот.

Волтон е драфтуван во 1974 година од Портланд каде одигра пет сезони и освои една титула, беше прогласен за МВП на регуларниот дел од сезоната и на финалето. Следните шест години ги помина во Лос Анџелес Клиперс кои тогаш играа во Сан Диего, а кариерата ја заврши во Бостон Селтикс со кој освои уште една круна.

Неговиот дрес со број 32 е пензиониран од страна на Портланд.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.