Тренерот на белградски Партизан, Жељко Обрадовиќ, истакна синоќа дека заслугата за освоената титула во регионалната АБА лига им припаѓа на неговите кошаркари и армијата навивачи на „црно – белите“.
Партизан ја освои титулата откако во решавачкиот петти натпревар пред повеќе од 22.000 гледачи во белградската Штарк Арена триумфираше над градскиот ривал Црвена ѕвезда со 96-85.
„Ќе почнам со тоа што мене лично ми причинува најголемо задоволство, а тоа е дека натпреварот беше одигран во фантастична атмосфера и оти навивачите на Партизан вечерва станаа шампиони во секоја смисла“, рече Обрадовиќ на прес – конференцијата по натпреварот.
За Партизан ова е седма титула во АБА лигата и прва од 2013 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.