Германската кошаркарска ѕвезда Дирк Новицки со нетрпение го очекува Светското првенство за жени во 2026 година.
– Многу сме возбудени. Ја имаме најдобрата генерација на машки и женски тимови. Само што победивме на женскиот олимписки турнир 3х3. Кошарката во Германија е на врвот на својата популарност. Се радуваме на можностите да се покажеме и за двата тима. Берлин ќе биде одлично место за Светското првенство за жени. Неодамна бевме домаќини на Еврокупот и се помина многу успешно. Имаме одлични стадиони, хотели, ресторани, историја. Ќе бидеме големи домаќини на турнирот, изјави Новицки.
Германецот кој е специјален советник во НБА-лигата, во текот на својата кариера има многу признанија и награди, а во 2011 година го предводеше Далас маверикс до шампионскиот трофеј во НБА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.