Тимот на Исток ноќеска го победи Запад со резултат 211:186 на НБА Ол-стар натпреварот одигран во Индијанаполис.

За најкорисен кошаркар е прогласен Демијан Лилард (Милвоки) кој натпреварот го заврши со 39 поени и шест асистенции.

Карл-Ентони Таунс (Минесота) беше најефикасен на мечот со 50 поени.

Тимот на Исток постави рекорд за најмногу поени на Ол-стар натпреварот – 211. Претходниот рекорд беше поставен од тимот на Запад во 2016 година – 196 поени.

– Сите прашуваа кој е рекордот. Го препознавме и се обидовме да го надминеме“, изјави по мечот Лилард од Милвоки, МВП на средбата.

Публиката во Индијанаполис изрази незадоволство од одлуката на лигата и го исвирка Лилард за време на доделувањето на наградата.

Навивачите бараа наградата да му биде доделена на членот на Индијана, Тајрис Халибартон, кој исто така имаше значаен придонес во победата на Истокот – 32 поени (11 од 15 од поле, 10 од 14 од надвор од лакот), 7 скока и шест асистенции



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.