Грчкиот кошаркарски клуб Арис од Солун преку социјалните мрежи се прости со својот поранешен тренер Лазар Лечиќ, кој синоќа почина во Скопје, јави дописничката на МИА од Атина.

Во постот придружен со фотографија од времето кога македонскиот кошаркарски тренер го водеше солунскиот клуб, му порачаа дека никогаш нема да го заборават, но се осврнаа и на Јанис Јоанидис кој почина лани, а заедно со Лечиќ беа дел од Арис.

 

-Лазар отиде да се сретне со Јанис за повторно, од горе, заедно да го тренираа Арис. Лазар повеќе не е тука, но никогаш нема да „замине“. Секогаш ќе биде во нашите срца и душа. Семејството на Арис жали. Од денеска е посиромашно. Лазар Лечиќ, никогаш нема да те заборавиме, напишаа на социјалните мрежи од солунскиот кошаркарски клуб



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.