Санкционирани ќе бидат сите инволвирани во вечерашниот инцидент на пријателскиот натпревар меѓу ТФТ Скопје и Чаир 2030 во кој поголема група навивачи физички нападнаа кошаркар на ТФТ, соопшти вечерва македонската кошаркарска Федерација (КФСМ).
Инцидентот се случи во завршните минути од натпреварот кога поголема група луѓе од трибините во СРЦ Кале физички го нападнаа капитенот на ТФТ, Едис Нури.
„Македонската кошаркарска федерација ќе ги преземе сите мерки, и ќе изрече соодветни казни за актерите во инцидентот кој се случи вечерва на пријателскиот натпревар помеѓу екипите на ТФТ и Чаир 2030, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, кој беше прекинат од страна на официјалните лица. За таа цел, согласно со првичните информации, комесарот за натпреварување Александар Милојевиќ, од претставниците на двата клуба побара во текот на утрешниот ден да му достават изјави за причините за прекинатиот натпревар“, соопшти КФСМ.
Во соопштението се истакнува дека ова е „втор пат за кратко време, во подготвителниот период, пред почетокот на новата натпреварувачка сезона, екипата на Чаир 2030 е учесник на натпревар во кој се случуваат работи кои немаат ништо заедничко со кошаркарската игра“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.