Центарот на Филаделфија, Џоел Ембид е прогласен за најкорисен играч (МВП) во НБА за сезоната 2022/23. Дваесет и деветгодишниот Камерунец доби 73 први места во гласањето.
Ембид го надмина по број на гласови центарот на Денвер, Никола Јокиќ, кој имаше 15 први места, и членот на Милвоки, Јанис Адетокунбо кој доби 12 први места.
Тој стана петтиот играч во историјата на Филаделфија кој ја добил најпрестижната индивидуална награда.
Ембид оваа сезона настапи на 66 натпревари, со просек од 33,1 поен, 10,2 скока и 4,2 асистенции
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.