Тренерот на Челзи, Греам Потер го коментираше ремито со Салцбург (1:1) во натпреварот од 2. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

– Разочарани сме од исходот на натпреварот. Но, момците дадоа максимум. Постигнавме добар гол, но бевме невнимателни малку во вториот дел, плус нивниот голман направи неколку добри одбрани. Не го постигнавме посакуваниот резултат, но немам за што да ги прекорувам моите фудбалери. Доста често го користевме Рахим Стерлинг еден на еден и голот беше резултат од ова, изјави Потер.

Челзи по две кола во Е-групата е последен со само еден освоен бод. Милан е лидер со четири, , Динамо има три, Салцбург два.

Во 3. коло Челзи на домашен терен ќе игра со Милан, Салцбург ќе се сретне со Динамо Загреб.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.