Македонската машка јуниорска кошаркарска репрезентација ја забележа премиерната победа на Европското првенство до 18 години во Б дивизијата, откако во португалскиот град Матосињос ја совлада Норвешка со 100-80 (46-43) во рамки на третото коло во Групата А.

До премиерната победа, по стартните порази од Велика Британија и Австрија, „црвено-жолтите“ ги предводеше Никола Јаничиќ со 24 поени.

Македонската репрезентација е третопласирана во групата зад Австрија и Велика Британија, а пред Исланд против кој утре го игра завршниот натпревар во првата фаза на ЕП во Португалија.

Двете првопласирани репрезентации од групата продолжуваат во четвртфиналето, а трето и четвртопласираната селекција ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.