Македонската машка јуниорска кошаркарска репрезентација ќе се бори за пласман од 13 до 16 позиција на Европското првенство од Б дивизијата, откако во португалскиот град Матосињос загуби од Унгарија со 86-70.
Уште во раната фаза од натпреварот што одлучуваше која од двете репрезентации ќе разигрува за пласман на 9 место, Унгарците се стекна со солидна предност и на полувреме имаа во водство од 44-34.
Второто полувреме не донесе посериозни промени, ниту во играта на македонскиот состав, ниту во резултатот.
Унгарците ја зголемија предноста која ја стекнаа во првото полувреме и стигнаа до заслужен триумф.
Шошкиќ со 14. реализирани поени беше најефикасен во македонската репрезентација, која вечерва од 21:30 ќе игра против Естонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.