Македонската кадетска кошаркарска репрезентација од денеска до 31 јули ќе им биде домаќин на селекциите на Шпанија, Грција и Израел во рамки на завршниот дел од подготовките за Европското првенство во А дивизијата кое од 5 до 13 идниот месец ќе се одржи во Скопје.
Ова ќе биде и последната, но и најквалитетна проверка за избраниот тим на селекторот Александар Јованчев во пресрет на оној официјален турнир во кој на едно место ќе биде собрана европската кадетска кошаркарска елита, соопшти попладнево македонската кошаркарска Федерација.
Турнирот ќе се игра во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, а македонските кошаркари ќе го отворат вечерва со дуел против селекцијата на Израел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.