Еден од најдобрите грчки кошаркари на сите времиња Василис Спанулис ќе биде назначен за нов селектор на репрезентацијата на Грција, јавија денеска медиумите во Атина.

Според „Спорт24“, Кошаркарската федерација на Грција утре официјално ќе го претстави Спанулис за нов селектор на местото на Димитриос Итудис со кого минатиот месец ја раскина соработката.

Спанулис, според најавите, ќе потпише двегодишен договор и ќе ја предводи Грција во квалификациите за пласман на Олимписките игри 2024 во Париз.

Спанулис зад себе има краток тренерски стаж и досега го предводеше само грчкиот тим Перистер



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.