За домаќин на Ол – стар викендот во 2025 година е избран НБА лигашот Голден Стејт вориорс, што значи дека 74. издание на натпреварот меѓу најдобрите кошаркари во светот ќе се одигра во „Чејс Центар“ во Сан Франциско, објави синоќа раководството на лигата.
Ова ќе биде трет пат Вориорс да бидат домаќини на Ол-стар на натпреварот. Прв пат ги нагостија сите ѕвезди во 1967 година кога екипата настапуваше под името Сан Франциско вориорс, а натпреварот беше одигран во Дејли Сити, во Калифорнија, а вториот пат беа домаќини во 2000 година кога играа во Оукленд.
Во „Чејс Центар“, кој има капацитет од 18.000 седишта, Голден Стејт се пресели во 2019.
Оваа сезона домаќин на Ол-стар натпреварот ќе биде Индијанаполис, на 18 февруари 2024.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.