Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер чека вајлд-карт за настап во Лигата на шампионите, потврдија денеска од Европската ракометна федерација (ЕХФ).

На 19. јуни раководството на ЕХФ ќе има состанок на кој ќе се разгледуваат барањата и конечната одлука ќе биде соопштена на 21. јуни.

Екипи кои ќе се борат за вајлд-карта за место во ЛШ се и Загреб, Фредериција, Бидасоа, Нант, Пик Сегед, Елверум, Кјелце, Порто, Динамо Букурешт, Кадетен Шафхаузен и Татран Прешов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.