Спортскиот новинар Игор Ивановски, сценарист и режисер на спортскиот документарен филм “ Први до Четврто” заедно со виртузот зад камерите Матеј Милев одговорен за снимање и монтажа на овој проект, во периодот од 23.08 до 26.08 ќе бидат дел од меѓународниот фестивал за спортски документарни филмови кој ќе се одржува во Златибор, Србија.

“Саша, веќе одамна си докажан во оперативното организациско работење како во спортот така и во водењето на големи корпоративни системи, сепак овој проект беше нов предизвик со огромна вредност за македонскиот спорт, како го реши најтешкиот проблем, финансии?”

Мојата соработка со бизнис фелата во Македонија се заснова врз професионално работење кое секогаш ги дава посакуваните резултати. Контактите кои ги имам со бизнис заедницата се базираат на стекната доверба која секогаш се одвивала по теркот “од идеа до реализација”, за на крајот соработката да премине во пријателство.Сме оставиле простор за убави работи………како што знае да каже народот.Точно е дека најголемиот проблем во нашата држава се финансиите, малку сеоние кои имаат сенс и знаат што значи спортот, но мојата соработка е селективна и насочена исклучиво со луѓе кои имаат разбирање за спортот и го согледуваат значењето и големината на овој проект. Токму со поддршката на нивните компании Еко Логистик Сервис, Сити Фешн Мултибренд, Триглав, Интерфуд,Спорт Лајф, Вива, Циак Ауто се овозможии остварување на проектот “Први до Четврто”-вели проект менаџерот Саша Каталиниќ.

“Како дојде повикот да учествувате на еден голем меѓународен филмскифестивал? Како “Први до Четврто” го доби приматот кај еминентното жири во Залтибор”

GoForSports се заблагодарува на спортскиот новинар Бобан Радуловиќ кој го препозна потенцијалот на нашиот проект и несебично во духот на спортот ги искористи контактите кои ги има со организаторите на филмскиот фестивал воСрбија.“Први до Четврто” по препорака на спортскиот новинар Бранко Казаковски беше емитуван на ТВ Телма, потоа испратен во драфт верзија до г-динот АцаАврамовиќ кој воодушевен од приказната го прифати како проект со огромна вредност кој сега ќе се емитува во Златибор, а потоа во Милано, Италија-објаснува Каталиниќ.

 

“Матеј виртуоз зад камерите како што те нарекува Саша, како е да се работина еден ваков проект, кое е темпото, дали на самиот почеток очекуваше ваков успех?”

Кога имате концепт, јасна визија и цел, реализацијата доаѓа спонтано. Морам да признаам не беше воопшто лесно, особено во делот на монтажата; се работеше деноноќно за да се доловат вистинските моменти во филмот.Видете, навистина треба да си виртуоз да реализираш проект во кој наместо триесет луѓе, имаш тим составен од тројца, посебно во делот на снимањето и секако крајната монтажа која ја даде оваа прекрасна целина и финалниот дел од овој проект.Знаевме дека работиме на нешто несекојдневно, нешто што ќе остави трајни вредности преку кој ќе се претстави начинот на кој е остварен еден од најголемите успеси на една македонска кошаркарска репрезентација, еден животен циклус на целиот тим, сите нивни победи, падови, загуби и успеси.

По емитувањето на документарниот филм на ТВ Телма и рекциите кои ги имаше во јавноста знаевме дека сме направиле нешто големо, и затоа сега ќе бидеме дел од интернационалните фестивали.

 

“Игор кои се вашите планови и очекувања, дали се работи на нови проекти, се изработуваат ли нови сценарија?”

Веднаш можам да ви потврдам дека до крајот на 2025 година имаме план за реализација на уште два големи проекта. По заваршувањето на “Први до Четврто”, започнавме со изработка на оперативен план и сценарија за два нови документарни спортски филма “Работнички –Брендот под кошевите” и “Патот до Палермо”. Првиот филм “Работнички – Брендот под кошевите” е веќе во реализација,снимањето е речиси завршено, тајм кодовите се во завршна фаза, реално за кратко влегуваме во почетна фаза од монтажа.Сценариото за “Патот до Палермо” е во изработка, размислувам во кој правец ќе се одвива, целта е да се прикаже целокупното патешествие на учесниците во овој настан кои за време на Ковид 19 најдоа ентузијазам и желба да бидат дел од една значајна победа која тогаш ја оствари мекедонската фудбалска репрезентација.Идеи имаме премногу, како тим работиме беспрекорно, доколку имаме финансиска поддршка од бизнис заедницата и државата, GoForSports би изработил уште многу проекти кои ќе бидат значајни за мaкедонскиот спорт.Во Златибор очекуваме успех кој ќе го потврди нашето професионално работење и желба да оставиме дела со трајни вредности за младите генерации во македонскиот спорт-нагласува Ивановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.