Американците градат моќен тим за Олимпијадата во Париз. Во тимот ќе биде и Кевин Дурент, кој најави потенцијална прошетка на неговиот тим до златото.
На последните четири олимписки турнири, САД го освоија златниот медал и доживеаја само еден пораз. Ѕвездата на Феникс, која однесе три од тие четири злата и беше МВП на последните Игри, најави дека Американците сакаат да испратат силна порака до сите кој е број 1.
– Сите најдобри играчи ќе бидат таму и возбуден сум поради тоа. Го сакам тоа четврто злато, мислам дека ќе бидам единствениот со толку многу. Сакам да испратиме силна порака за сите да видат колку сме силни. Да ги победуваме сите со 40, 50 поени разлика. Тоа го сакам, изјави Дурент.
Американците несомнено се доминантна сила на Олимписките игри, но на другите натпреварувања, поточно на Мундобаскетот, немаат голем успех од 2014 година, кога последен пат го освоија златото. Оттогаш на следните два турнира не успеаја да освојат ниту медал
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.