Одборот на гувернери на НБА ја одобри продажбата на Шарлот на група инвеститори предводени од Гејб Плоткин и Рик Шнал, пишува ESPN.com.
Продажбата ќе биде извршена во следните една до две недели. Тимот при склучување на зделката е проценет на три милијарди долари.
Шнал, кој беше малцински сопственик на Атланта, и Плоткин, малцински сопственик на Хорнетс, ќе станат менаџери на клубот. Мајкл Џордан ќе го задржи малцинскиот удел и неговото присуство во организацијата.
Џордан, шесткратен шампион и петкратен МВП во лигата, беше единствениот црномурен сопственик на НБА клуб. Во 2010 година, кошаркарот купи мнозински удел во Шарлот за 275 милиони долари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.