По успехот на документарниот филм „Први до Четврто“ кој ќе биде претставник на интернационалниот филмски фестивал за спорт кој ќе се одржи во месец август во Златибор, Србија, се подготвува нов документарец.
Новиот филм е насловен „Брендот под кошевите“ за КК Работнички.
Нема подобра најава за снимањето на новиот проект КК Работнички – брендот под кошевите, преку фотографијата од човекот која кажува многу, фотографија која говори за минатото и одекнува како ехо кон сегашноста и иднината. Фотографија која буди спомени и нема да не остави рамнодушни. Ние, кои сме дел од кошарката го нарекуваме „жива легенда“ или „гркот господин кошарка“, Лазар Лазо Лечиќ – стои во најавата за документарецот.
Најавуваме уште една спортска сторија за Златната генерација која го создаде „Работнички“ брендот под кошевите , клуб кој со успех ја претставуваше македонската кошарка во СФРЈ и во Македонија – вели авторскиот тим, Саша Каталиниќ проект менаџер, Матеј Милев камера и монтажа и сценаристот Игор Ивановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.