Новак Ѓоковиќ се појави на балконот на градското собрание на Белград, каде заедно со српските кошаркари ги прослави неодамнешните успеси.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ пукна во солзи откако излезе на балкон! Ѓоковиќ го извади трофејот од УС Опен, а кога десетици илјади навивачи почнаа да скандираат за него, тој не можеше да ги задржи солзите.

– Добро вечер Србија, Белград, те сакам! Ретки се моментите кога некој останува без зборови, ова се еден од нив. Јас сум пресреќен. Најпрво сакам да им честитам на фантастичните кошаркари и да им се заблагодарам што ме прифатија да бидам дел од овој спектакл.

Ова е остварување на сонот на едно момче, бидејќи како мал присуствував на собири на кои се славеа фантастичните успеси на кошаркарите. Сум бил на балкон неколку пати, но никогаш вака. – изјави Новак.

Новак потоа му се поклони на Бориса Симаниќ, кој загуби бубрег на Мундобаскетот.

– Бориша е херој на нацијата и заслужува сите да го скандираат. Ниту еден спортски народ во светот го нема овој дух што го имаме ние, да живее Србија!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.